Поради насилно однесување во албанскиот Парламент 10 пратеници под истрага
Со заедничко соопштение, полицијата и обвинителството во Тирана, потврдија дека во врска со вчерашните случувања во и надвор од албанскиот парламент, под истрага се десет пратеници,шест учесници во протестот се притворени а двајца ќе се бранат од слобода.
- Под истрага се пратеничката и лидерка на Движењето за социјалистичка интеграција, Моника Круемади и пратениците од истата партија Кејди Мехметај,Флоида Керпачи и Ендрит Браимлари,како пратениците на демократската партија, Фљамур Нока, Клевис Балиу,Грида Дума,Гент Стразимири,Еди Паљока и Ервин Салиањи,кои се товарат за спречување на службено лице во извршување на работна задачи,-стои во соопштението.
Во врска со насилното однесување пред парламентот притворени се шест лица,додека две ќе се бранат од слобода.
Според полицијата, тие се товарат за активни насилни активности, фрлање тврди предмети кон полициските работници, фрлање пиротехнички срества како и спречување на полициските работници во изавршување задача со насилно однесување.
Полицијата трага по други лица под истото обвинение.
Во вчерашниот судир на учесниците на протестот на опозцијата со полицијата,пред Парламентот повредени се шест од кои две полицајки.
Ново на Сител
-
Нетанјаху: Новата офанзива во Газа ќе биде жестока и долгорочна
-
МОН: Стипендии за поттикнување средношколци да се запишуваат на студиски програми по македонски јазик
-
Вучиќ се враќа во среда на своите работни обврски
-
Агелер со честитка за Денот на македонскиот јазик
-
Кривична против двајца поранешни вработени во МВР за злоупотреба на службената положба
-
Сиљановска Давкова: Апсолутно нема потреба од предвремени парламентарни избори
-
Возач со „БМВ“ во Чаир фатил малолетник за рака и го влечел по коловозот
-
13-годишно девојче во Аеродром била физички нападната од четири малолетнички