-->
-->
Поради лажењето ги загуби спонзорите
-->
Рајан Локти остана без два големи спонзори, производителот на опрема за пливање „Спидо“ и модната куќа „Ралф Лорен“, откако предизвика скандал на ОИ во Рио де Жанеиро.
Локти неколку дена пред завршувањето на Игрите во Рио рекол дека со тројца колеги од репрезентацијата на САД бил ограбен откако наводниот напаѓач им се заканил со огнено оружје.
По истрагата на бразилската полиција утврдила дека целата приказна Локти ја измислил, дури не постоело ниту такси возилото.
Вистината е дека американските пливачи уништиле врата на тоалет, на една бензинска станица во Рио. Тие се обидувале да влезат внатре, а откако не успеале, уринирале надвор.
Потоа дошол човек од обебзедувањето и менаџерот, кој на пливачите им побарал да ја надомастат штетата.
Откако јавно се извини поради своето однесување Локти остана без два од трите главни спонзори, компанијата „Спидо“ веднаш и донираше 50.000 долари на хуманитарната организација „Да ги спасиме децата“. Овие пари се дел од приходите кои требаше да ги добие Локти, кој со „Спидо“ соработува повеќе од десет години.
Американските медиуми шпекулираат дека Локти во досегашната кариера, во која има освоено шест златни олимписки медали, од сонзорите има заработено околу 15 милиони долари.
Локти има 32 години, во Рио освои злато со штафетата на САД која победи на 4x200 метри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Папата Франциск беше глас на совеста во време на глобални предизвици
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе ги спроведува дигиталните правила без оглед на тоа кој е сопственик на компаниите
-
Допис на епископот Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск
-
Папата Франциско ќе биде погребан најдоцна за девет дена, соопшти Ватикан
-
Писмо од скопскиот бискуп Киро Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск
-
По смртта на папата, Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“
-
Ѕвоната на катедралата Нотр Дам заѕвонија 88 пати
-
Пожар во стан во Скопје, сопственикот се здобил со изгореници