Поради Ковид-19 засегнати 81 отсто од работниците во светот
Прекинувањето на бизнисите и другите економски мерки поврзани со ширењето на новиот коронавирус засегнаа 2,7 милијарди работници во светот. Во второто тримесечие на 2020 година, поради различни ограничувања, ќе се изгуби вкупно 6,7 отсто од работното време, што е еднакво на целосно отсуство од работа за 195 милиони луѓе, се наведува во извештајот објавен од Меѓународната организација на трудот (МОТ).
„Мерките за целосно или делумно стопирање на бизнисот засегнаа 2,7 милијарди работници, што претставува околу 81отсто од глобалната работна сила“, велат експертите.
Тие потенцираат дека „во вториот квартал на 2020 година работното време ќе се намали за приближно 6,7проценти“. Ова е еднакво на отсуство од работа на 195 милиони луѓе со полно работно време.
Во исто време, авторите на извештајот сè уште не се посветени на предвидување раст на невработеноста за 2020 година, нагласувајќи дека „загубите ќе зависат многу од развојот на пандемијата и мерките за спротивставување на нејзиното влијание“.
Според предвидувањата на МОТ објавени порано, се очекува бројот на невработени да се зголеми за 25 милиони до крајот на оваа година. Сепак, организацијата сега верува дека невработеноста, како резултат на пандемијата, „ризикува значително да се зголеми“
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален