Свет
16. February 2021 - 12:59

Поради еден случај на новиот вид на Ковид-19 во Хуму реагираше и полицијата

Откако во германскиот град Хума вчера е потврден новиот британски вид на Ковид-19 кај еден градежен работник, полицијата спровела опсежна операција.

Локалните власти соопштија дека на градилиштето биле испратени околу сто полицајци. Четирите згради во кои се сместени работниците ставени се под карантин, а сите работници се тестираат.

Полицијата од синоќа дежура пред зградите и надгледува дали се спроведува карантинот.

На почетокот од месецот германскиот Институт за контрола на болести Роберт Кох (РКИ) соопшти дека новиот вид на Ковид-19, Б117 е регистриран во 13 од 16. германски сојузни покраини.