-->
-->
Поради дожд пренасочен сообраќајот на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје
-->
Поради обилни врнежи од дожд утринава патничкиот сообраќај на автопатот Гостивар - Тетово - Скопје поточно од клучката Југ е пренасочен преку тетовското градско подрачје до клучката Север.
Поради невремето што го зафати скопскиот регион од саботата во прекин е и сообраќајот по скопската обиколница од клучката Хиподром до клучката Сарај.
На останатите државни патишта сообраќајот се одвива без забрани, по влажни коловози.
Авионскиот сообраќај во земјава се одвива нормално по утврдениот возен лет. Досега, според информациите објавени на веб страницата на скопскиот аеродром, се реализирани сите планирани полетувања и слетувања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Премиерот Мицкоски очекува ДИК преку правилник да ги прецизира критериумите и начинот на собирање граѓански потписи за независна кандидатура
-
Охридско лето сцена за најдобрите уметници
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ бара кривична одговорност за началникот
-
Тема на денот со Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование
-
Еден убиен и четворица повредени во вооружена престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар