Поради брегзитот, голем број Британци побарале германско државјанство
Во Германија минатата година бројот на лицата примени во книгата на германски државјани се зголемил за 15 проценти, најмногу благодарение на британските државјани што поради брегзитот земаат и германско државјанство, објави германскиот Федерален завод за статистика.
„Во 2019 година 128.900 германски државјани со странско потекло добија германско државјанство, најголем број од 2003 година“, соопшти Германскиот сојузен завод во Визбаден.
Од нив 14.600 нови влезови во книгата на германски граѓани отпаѓаат на државјани на Велика Британија.
Британските државјани нагло почнаа да бараат германско државјанство во 2016 година, годината на референдумот за брегзитот.
Во 2015 година, година пред референдумот, само 600 Британци аплицирале за германско државјанство.
Во текот на 2019 година 2.270 хрватски државјани, исто така, добиле германско државјанство. Зголемувањето се случило по приемот на Хрватска во Европската Унија.
Минатата година 16.200 турски државјани добиле германско државјанство, а особено се зголемил бројот на доделувањата на германско државјанство за доселениците од Полска (6.000), Романија (5.800) и Ирак (4.600).
Во 2018 година во Германија имало околу 20 милиони граѓани со мигрантско потекло, во кои спаѓаат лица што самостојно емигрирале во Германија или оние чијшто најмалку еден родител е доселеник.
Околу 50 проценти од овие граѓани имаат германско државјанство.
Ново на Сител
-
Владата најавува нова модерна опрема за Армијата
-
Зградата во Чаир се уште небезбедна – Обвинителството чека услови за да почне истрага
-
Одложени следните две рочишта за убиствата на Вања и Панче – обвинетиот Видевски се уште е на нефрологија
-
Кривична пријава за шест затворски полицајци од Идризово - помогнале во бегство на група осуденици
-
Еден осуденик државата ја чини 10 илјади евра годишно
-
И Министерството за економија и труд мета на хакерски напад
-
Божиновска: Ќе најдеме излез од енергетската катастрофа
-
Божиновска: Владата прави напори да имаме мирна зима на енергетски план