ОН: Поради борбите во ирачкиот град Тал Афар блокирани 30.000 цивили
Околу 30. 000 цивили се блокирани во ирачкиот град Тал Афар од борбите меѓу ирачката армија и џихадистите од Исламска држава, соопшти портпаролот на ОН, цитиран од француските медиуми.
-Хуманитарната помош веќе е доставена до пунктовите на југ и исток од Тал Афар, изјави портпаролот Стефан Ѓужариќ.
Високиот комесаријат на ОН за бегалци стравува дека ирачките цивили можат да бидат употребени како човечки штитови и дека обидите за бегство на цивилите од градот можат да бидат казнети од џихадистите со егзекуции и убиства, додаде портпаролот на ОН.
ОН очекуваат во следните неколку дена илјадници цивили да се обидат да избегаат од Тал Афар.
Ирачката армија, поддржана од авијацијата на меѓународната коалиција, предводена од САД, вчера ја поврати контролата врз три кварта на Тал Афар - еден од последните бастиони на џихадистите во Ирак, додадоа француските медиуми.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци
-
Села ги доби печатите од АА