Поради бегство на кобра, затворен дел од Зоолошката во Стокхолм
Вработените во Зоолошката градина „Скансен“ во Стокхолм, Шведска, сè уште трагаат по кралската кобра која избегала од нејзиниот терариум викендов, поради што Зоолошката е делумно затворена.
Отровната змија-мажјак, наречен „Господин Хисинг“, пристигнал во зоолошката градина пред неколку дена и веќе успеал да исчезне меѓу терариумските светилки, поради што му го дале и прекарот „Худини“, по познатиот магионичар. Тој дел од Зоолошката градина е евакуиран и затворен додека „избеганиот“ влекач не биде фатен.
Вработените сепак веруваат дека змијата сега е некаде на таванот на одделот за рептили.
– Тој нема да излезе надвор, бидејќи надвор е премногу студено за него, изјави директорот на Зоолошката градина, Јонас Валстром.
Кралските кобри се смртоносни змии. Тие потекнуваат од Јужна и Југоисточна Азија и се најдолгите отровни змии во светот. Нивниот главен плен се, главно – другите змии, но каснувањето може да биде фатално за луѓето доколку не се лекува навреме.
Ново на Сител
-
Таравари го разреши Арбен Фетаи од партиската функција
-
Украина со апел до меѓународната заедница: Запрете ја Русија
-
Пад на вредноста на доларот поради намалување на кредитниот рејтинг на САД
-
Алкалоид го пречекува АЕК во реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот куп
-
Најмногу дожд во Крива Паланка, Виница и Струмица
-
Приведен возач во Штип, возел со 2,10 промили алкохол во крвта
-
Муцунски на одбележување на 30-годишнината од Дејтонскиот договор
-
Во Северна Кореја уапсени три лица поради неуспешната промоција на воен брод