-->
-->
Популарниот Фрејзер на 62 години ќе добие седмо дете
-->

Кејт Волш (35), четвртата сопруга на актерот Келси Грамер (61), е во шести месец од бременоста. Стјуардесата ќе роди момче, а со јунакот на ТВ серијата „Fraiser“ ги има и ќерката Феит (4) и синот Келси Јуниор.
Волш во 2010 година имала спонтан абортус, а додека била бремена со ќерката, близнакот починал при породувањето. Таа и актерот врската ја започнаа кога Келси се уште бил во брак со третата сопруга Камила Донатачи (48). Грамер од претходните врски има четири деца.
Актерот неодамна се откажа од лекувањето од алкохолизам и изјави дека да се пие алкохол не е порок. Тој заклучи дека сепак ќе продолжи да пие секој ден, но подалеку од тоа нема да оди. Тој смета дека конзумирањето кокаин е „многу глупаво“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
