-->
-->
Поповски: Ги „потрошивме“ грешките против Турново
-->
Спортскиот директор на ФК Работнички, Иван Поповски исто така присуствуваше на прес конференцијата пред утрешниот бараж дуел од Лига Европа со Рубин Казан.
Поповски е убеден дека славните денови на ФК Работнички допрва доаѓаат и дека играчите се супер мотивирани : „ Фудбалерите ќе бидат наградени онолку колку заслужуваат“- рече Поповски.
Тој се осврна и на играта и реномето на рускиот тим:
„ Рубин Казан е тим со големо искуство во Лигата на шампионите, играл против големи клубови како Барселона и други. Ги респектираме максимално но ние ќе се обидеме да направиме уште еден подвиг и да оствариме историски пласман во групната фаза“.
Спортскиот директор ја прокоментира и играта на Работнички во последното коло од домашното првенство против Хоризонт Турново:
- Точно е дека направивме неколку грешки во одбраната но тоа е минато. Тоа е друг тип на натпревар. Овојпат против Турново грешките ги потрошивме и тие се надевам нема да се повторат против Рубин“.
Натпреварот се игра утре, четврток во 20ч на Филип Втори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ако се биде како што треба пруга долж Коридорот 10 ќе почне да се гради на есен
-

Оф-роуд ентузијастите од Штип, во служба на пожарникарите
-

Младите наместо пред телефони да спортуваат
-

Во Прилеп за прв пат се одржа хуманитарната трка „Трка со срце“ на 5 и 10 км
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
