Македонија
1. December 2018 - 13:37

Поповска на Светскиот самит за климатски промени КОП24 во Катовице

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, ќе учествува на Светскиот самит за климатски промени што ќе се одржи во Катовице, Полска (КОП24), како дел од делегацијата на Институтот за зелена економија од Оксфорд, во периодот од 1. до 9. декември 2018 година.

Во тие рамки, ќе учествува на редица настани посветени на резултатите од спроведувањето на обврските на Парискиот климатски самит и предизвиците со кои е соочена Планетата Земја, поради отпорот на некои земји, кои придонесуваат во голема мерка за испуштањето на стакленички гасови и покачувањето на температурата и нивото на океаните.

Република Македонија е потписник на Парискиот договор и има преземено обврски за сериозно намалување на испуштањето стакленички гасови, за што се направени и стратешки документи и планови.

ДОМ