-->
-->
Попот кој го крстел Маринко 20 дена пред неговата смрт: Bо неговите очи видов...
-->
Маринко Маџгаљ кој почина на 37 години, бил крстен 20 дена пред својата смрт во манастирот Острог. Во интервју за Блиц, отецот Жељко Чалиќ кој го крстел актерот вели дека Маринко храбро ја издржал крштевката.
- Кога Маринко дојде во манстирот, морам да признаам дека не го препознав. Од она момче кое го познавав останала само сенка. Беше слаб, едвај стоеше на нозете. Дури кога го прочитав името и презимето, сфатив дека станува збор за тој прекрасен човек, рекол отец Жељко кој на групната кршетвка го крштевал и познатиот актер:
- Беше потресно да се гледа како толку слаб храбро се држи за време на целиот чин. Во еден момент забележав дека едвај стои на нозете. Ми се чинеше дека неговите нозе не можеа да издржат ни најмала тежина. Имав впечаток дека во еден момент треба да го фатам за рака. Во моментот додека ги читавме молитвите ни се сретнаа погледите. Очите му беа полни со солзи, раскажал отецот.
Отецот додава дека во очите му ја видел големата желба за живот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две лица загинати откако со мотор удриле во бетонски столб во Скопје
-
Ѓоковиќ се пласира во финалето на турнирот во Женева
-
Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната, разменети се 780 луѓе
-
Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари
-
Силно невреме го зафати Белград, поплавени улици колапс на сообраќајот
-
Идниот гувернер ќе се избира на 28 мај
-
Косовски полицаец држел за врат српски матурант и го малтретирал во Косовска Митровица
-
Црвен крст: Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани