Попоски утре ќе ја предводи државно-црковната делегација во чест на Св. Кирил
Министерот за надворешни работи Никола Попоски утре ќе ја предводи државно-црковната делегација на молебенот на гробот на свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим, каде што ќе положи цвеќе на гробот на светителот. Со молебенот, кој е во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, ќе чиноначалствуваат митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј и митрополитот европски г. Пимен.
Како што соопшти МНР, Попоски в петок, 26 мај, ќе биде дел од државно-црковната делегација предводена од претседателот Ѓорге Иванов, и ќе присуствува на аудиенцијата кај папата Франциск. Потоа ќе го придружува претседателот Иванов на средба со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пиетро Паролин, во Апостолската палата.
Во рамки на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Св. Кирил“, во четврток ќе има музичка програма со настап на етногрупата „Баклава“ во театарот Ghione во Рим.
Ново на Сител
-
Почина Николче Здравески, легендата на прилепскиот фудбал
-
Трамп одбележа 100 дена на власт со голем митинг полн со критики кон другите и пофалби за себе
-
Трамп: Мислам дека Путин сака мир во Украина и покрај неодамнешните напади
-
Истекува мерката за ограничување на маржите, доколку има злоупотреби ќе следуваат нови поригорозни мерки
-
Вучиќ најавува дека во следните 3-4 дена, двапати ќе се сретне со Трамп
-
Зеленски: Првиот чекор кон мир во Украина е Русија да се согласи на безусловно примирје
-
Без вода делови од улиците „Џон Кенеди“ и „Кемал Сејфула“, населбата Топанско Поле со намален притисок
-
Без струја делови од Ѓорче Петров и Чучер Сандево