Попоски на министерска конференција за Западен Балкан во Стокхолм

Македонија успеа да спроведе многу реформи во рамки на интегративниот процес. Редовно ја покажува политичката зрелост и одлучноста за придружување на европското семејство.
Тоа го истакна македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски на министерската конференција „ЕУ интеграција на Западен Балкан - Мисијата да се заврши", што се одржа денеска во Стокхолм, соопшти Министерството за надворешни работи.
Главна тема на конференцијата беше ЕУ интеграцијата и перспективите на државите од Западен Балкан за членството во унијата.
Реформите што ги спроведува Република Македонија, посочил Поповски, се важни пред се за државата и за граѓаните, а членството во Унијата е важно како од економски причини така и од стратегиски.
Шведската министерка за надворешни работи Маргот Валстром, според соопштението, ја потврдила заложбата на нејзината држава за процесот на проширување на ЕУ и истакнала оти Шведска силно ќе настојува тој процес да се затвори што поскоро, за сите држави кои ги исполнуваат ЕУ критериумите. Еврокомесарот Јоханес Хан, пак, потврдил дека во процесот на проширување на Унијата не е важна брзината на процесот, туку квалитетот.
На билатерална средба на Попоски и Валстром биле потенцирани добрите билатерални односи помеѓу двете држави и реафирмирана улогата на Шведска во процесот на пристапување на Македонија во ЕУ. При посетата на Шведска Попоски се сретнал и со членови на Комисијата за надворешна политика на Парламентот како и со генералниот секретар на институтот ИДЕА, Ив Летерм.
Ново на Сител
-

Де ла Фуенте: Оваа Шпанија прима малку голови и знае како да постигне гол
-

Општина Касандра на Халкидики со известување и на македонски јазик дека ќе ги отстранува незаконските поставените предмети од плажите
-

Андоновски: Темелите се поставени, продолжуваме со дигитализацијата и унапредувањето на услугите
-

Иран ги осуди американските напади врз јужниот брег и го обвини Вашингтон за кршење на мировниот договор
-

Тошковски: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
-

СП 2026: Познати 22 од 32 учесника во плејофот
-

Јута прогласи вонредна состојба поради шумските пожари и воведе ограничувања за огномети | ВИДЕО
-

Тошковски: Од првиот ден ja презедовме обврската безбедноста да биде највисок приоритет
