Попоски: Ќе ги зголемиме пензиите за над 10 проценти
Покачувањето на пензиите за над 10 проценти и унапредувањето на здравствените услови ги издвои носителот на кандидатската листа во првата изборна единица Никола Попоски од ВМРО-ДПМНЕ како дел од најзначајните проекти во програмата на владејачката партија.
Според него, овогодишната програма на ВМРО е најобемната и најдеталната програма досега, која е реална и ги одразува потребите на граѓаните.
- На овие избори ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија оди со најобемна и најдетална програма досега што ги одразува реалните потреби на граѓаните, затоа ја нарековме „Реално“, бидејќи планираме сето она што го содржи програмата да биде исполнето, рече Попоски по средбата со пензионерите во Пензионерски клуб „Мирче Ацев“.
Покрај покачувањето на пензиите, Попоски се осврна и на унапредувањето на здравствените услови, преку, како што рече, реконструкцијата на градската општа болница 8 Септември, како и на Клиниката за хируршки болести Свети Наум Охридски.
Ново на Сител
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава
-
Поранешниот директор на Геријатрија не се чувствува виновен за примањето 20.000 евра поткуп