Попоски: Деблокирање на ЕУ-интеграцијата би бил гест на солидарност од Грција

Грција беше и се чини се уште е во состојба за Македонија да ја игра истата улога како Германија за Полска. Таа денес на останатите Европјани може да им покаже дека презела водечка улога при регионалната интеграција со добронамерен став наспроти желбата на Македонија за почеток на преговори со ЕУ, што би било гест на прагматизам и солидарност.
Ова го вели шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во колумна за германскиот престижен весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг (FAZ), објавена на 7 јули под наслов „Што може да стори Грција за подобрување на својот углед?“. Тој оценува дека состојбите во Грција денес наликуваат на ситуацијата во Македонија во 90-те години од минатиот век кога прогласивме независност како што е наплив на мигранти, конфликти во соседството, голем должнички товар, општа неизвесност, но, додава стануваше уште посложена бидејќи стремежите за членство во ЕУ и НАТО беа спречени со нелегалното барање на Грција за промена на нашето државно име.
- Грција беше (и се чини се уште) во состојба, за Македонија да ја игра истата улога како Германија за Полска. Но, факт е дека Грција ја играше токму спротивната улога. А таа гласеше: „Ние сме внатре, вие сте надвор – и тоа така ќе остане се додека сметаме дека е потребно„. Блокадата при ЕУ-интеграцијата имаше дестабилизирачко влијание на стопанството и на општеството во Македонија. Истовремено, Грција заземаше стратешка позиција во евроатлантската заедница, земјата беше предводник во искористувањето на европските фондови, уживаше во поддршката на веројатно втората највлијателна дијаспора во светот и мерено според економската моќ, трошеше најмногу пари за одбраната од која било друга земја од Европа. Мерено со сето понапред наведено, ембаргото против Македонија беше само една ситница, вели Попоски.
Тој нагласува меѓу дригото дека од 2008 година Грција успешно го блокира членството на Македонија во НАТО, иако тоа е поддржано од сите останати земји-членки, барајќи промена на името на државата, а истиот аргумент со години се употребува, вели, и во однос на ЕУ-членството, и покрај тоа што Меѓународниот суд на правдата во 2011 година блокадата ја осуди како противправна.
- Македонците немаат ни малку причина да се радуваат за актуелните грчки тешкотии, исто толку малку колку и Германците. Тешкотиите пред кои е исправена Грција можат да имаат само негативно влијание врз регионот и врз целата Европска унија. Кладбите дека ослабената состојба на соседот отвара можности за себе, се глупави. Во случајот на Македонија, тоа само би покажало дека ништо не сме научиле од грешките на другите. Нашиот одговор на грчката криза од 2010. година мора да биде различен од грчкиот одговор на нашата криза, која ја доживеавме во деведесеттите години, оценува министерот Попоски.
Според него, Грција на останатите Европјани може да им покаже дека презела водечка улога при регионалната интеграција со поддршка на почеток на прегворите со ЕУ, оти вели, Стабилизацијата на Балканот може да се одвива само преку неговата интеграција во ЕУ.
- Еден добронамерен став наспроти желбата на Македонија за почеток на преговори со ЕУ би бил поздравен како гест на прагматизам и солидарност. Тоа би одговарало на солидарноста што Грција ден за ден ја добива од ЕУ. Стабилизацијата на Балканот може да се одвива само преку неговата интеграција во ЕУ. Ништо друго не нуди подобра гаранција за тоа, од еден веродостоен процес на европска интеграција. Токму тоа и недостасуваше на Македонија со години и токму тоа повеќе од се друго и е потребно сега. Пробивот кон почеток на преговорите за членство со ЕУ би ги амортизирале локалните затегнатости и би фрлиле позитивно светло врз земјите-членки на ЕУ од Балканот. Тука Грција ја има можноста да стори нешто за својот углед. Тоа би бил клучот за заокружување на европскиот проект – единствено, слободно и мирно, нагласува министерот Попоски во колумната за германскиот весник.
Ново на Сител
-

Влада: Македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош амбасадите
-

Бројот на жртви во ракетниот напад во Беит Шемеш се искачи на шест
-

Израел отфрла вина за нападот врз иранското основно училиште за девојчиња
-

Пуштена во употреба реконструираната обиколница кај Крива Паланка, ќе се реконструира и граничниот премин Деве Баир
-

Лидерот на Хезболах жали за „маченикот“ Хамнеи
-

МВР: Кривични пријави за 10 возачи поради возење без возачка дозвола
-

15-годишник силувал 17-годишно девојче откако претходно се договориле да се сретнат
-

Папата Лав XIV упати апел за запирање на спиралата на насилство во Иран
