Свет
18. October 2020 - 12:09

Поплави во Виетнам, има и жртви

Виетнам го погодија невидени поплави, а 22 војници се водат како исчезнати во провинцијата Кванг Три, каде дошло до големо свлечиште, објави Владата во Ханој.

Обилните дождови што паѓаат од почетокот на октомври предизвикаа поплави и предизвикаа бројни одрони, а најмалку 64 лица загинаа само во централниот дел на Виетнам.

Во соседната провинција Туа Тиен Хуе, свлечиште затрупа воените касарни на 4-та воена област и при што загинаа 13 лица, главно војници.

Виетнамската метеоролошка служба најави дека до среда ќе има обилни врнежи од дожд над 600 милиметри.