Попладнево повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја

Попладнево од 18 часот по грчко време (17 часот по македонско) граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја, ќе бидат затворени на четири односно шест часа, поради блокадите на грчките земјоделци, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА во периодот меѓу 18 и 22 часот по грчко време, како и во изминатите денови така и денеска, граничниот премин Евзони за влез и излез од Грција кон нашата земја, повторно ќе биде затворен за сообраќај за сите возила, со исклучок на итни случаи.
На преминот Ники (Меџитлија) сообраќајот шест часа ќе биде во прекин за товарни возила почнувајќи од 18 часот по локално време, додека за автомобилите блокадата ќе трае два часа од 20 до 22 часот, исто така по локално време.
Блокади има и на другите гранични премини, на Промахонас и Ексохи кон Бугарија, но само за камиони, додека пак на Кипи кон Турција денеска ќе биде отворен преминот.
Низ цела Грција, остануваат блокадите на земјоделците поставени на 30 ноември, кои велат дека ќе останат на улица сè додека не бидат исполнети нивните барања, а нема да се повлечат ниту за празниците.
Сепак, се очекува, како за Божик, така и за Нова година, почнувајќи од утре да ги олабават блокадите за да можат граѓаните непречено да стигнат до нивните планирани дестинации за време на празниците, но без при тоа да ги повлечат сите паркирани трактори од автопатите.
МИА
Ново на Сител
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
-

За обвинетиот Kрмзов предметот против него е конструкција, обвинителството најави цврсти докази
-

Минчев на министерска конференција од Берлинскиот процес
