Попладневната полчасовна дремка ги прави луѓето повнимателни
Попладневната дремка од околу 30 минути му овозможува на мозокот да се одмори на начин што ги прави луѓето повнимателни при работата и другите активности, според стручњаците.
- Знаеме дека тоа е лесен и корисен начин за брзо зајакнување на својата будност, концентрација, продуктивност, креативност и расположение, изјави истражувачот Џејмс Маас, професор на Универзитетот Корнел.
Во својата книга „Спиј за успех! Сè што мора да знаете за спиењето, но сте премногу уморни за да прашате“ (Sleep for Success! Everything You Must Know About Sleep But are Too Tired to Ask), тој пишува дека скоро сите луѓе доживуваат попладневен пад на енергијата. Ова се должи на деноноќниот ритам на телото, којшто ги вклучува двата периоди на поспаност на секои 24 часа - еднаш навечер и вториот - меѓу 14 и 16 часот.
Во текот на ноќта, луѓето минуваат низ неколку 90-минутни циклуси на спиење поделени во пет фази, од лесен до длабок сон, при што најдлабокиот е кон средината. Дневниот сон го следи истиот циклус, поради што Маас не препорачува едночасовна дремка. Будењето од толку длабок сон може да потрае и до еден час за човек да се врати „во нормала“, благодарение на тн. „инерција на спиењето“.
- Тоа е како малку да влезете во режим на ниска потрошувачка на енергија и да му дозволите на Вашето тело да се опорави, изјави Сара Медник, авторка на прирачникот „Дремнете! Променете си го животот“ (Take a Nap! Change Your Life) со совети за дремката.
Стручњаците веруваат дека кратките дремки не му попречат на ноќниот сон, сè додека не се случуваат подоцна во денот. Се препорачува, исто така, дремката секој ден да се случува во исто време.
Ново на Сител
-
Просветниот инспекторат сè уште работи на записник по извршениот вонреден надзор во ОУ „7 Март“ во Челопек
-
Инциденти на седницата на Собранието на Нови Сад, oдбиен предлогот за разрешување на градоначалникот
-
Коцевски доставил предлог за поведување дисциплинска постапка против шефот на Вишото ЈО Скопје Мустафа Хајрулахи и уште еден јавен обвинител
-
Јун прогласи воена состојба во Јужна Кореја
-
Се шири блокадата на факултетите во Белград
-
Леброн: Имаме проблеми во нападот
-
Загина градежен работник во Гевгелија
-
УЕФА ја казни Легија поради однесувањето на навивачите на мечот со Динамо Минск