Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Времето претпладнево е сончево со мала до умерена облачност, а од пладне на места облачноста ќе се зголеми и ќе има појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), можна е изолирана појава на град и тоа претежно на југот од земјава. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северозападен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени, а во Скопје ќе достигне до 17 степени целзиусови.
Утре и в четврток ќе биде нестабилно, со локален пороен дожд во попладневните часови, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град. Во петок и за време на викендот ќе преовладува претежно сончево и потопло време. Утринските температури на некои места ќе се спуштат и до минус еден степен.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови