-->
-->
Попладне дожд, на планините снег
-->

Времето денеска ќе биде претежно облачно, попладне со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со снег. Во ноќните часови врнежите ќе престанат.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а кон крајот на денот од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од три до 12 степени.
Во Скопје слично време, претежно облачно, попладне со повремени врнежи од дожд. Во ноќните часови врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во недела се очекуваат повеќе врнежи попладне, особено во западните делови. Поради нагло заладување проследено со засилен северен ветер, кон крајот на денот во недела врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките места, а во текот на ноќта провејување на снег е можно понекаде и во пониските делови на крајниот север и на крајниот исток од земјава.
Во понеделник наутро се уште ќе има провејување на слаб снег во северните и источните делови, а преку денот ќе биде суво, студено и ветровито со засилен северен ветер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
