Македонија
25. September 2021 - 11:40

Попишани вкупно 1.460.552 лица

Вкупно 1.460.552 лица, 455.478 домаќинства и 632.742 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.

Денеска е 21-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште пет дена пописни активности.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 195.477 лица.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.