„Попаметните‟ поинаку се вмрежени
Истражувањето на група американски научници покажа дека некои испитаници имаат поинаков „конекциски‟ пример кој се поврзува со стандардните и позитивните аспекти од животот, како добра меморија и вокабулар, чувство на задоволство и повисок степен на образование. Од друга страна, кај друга група на луѓе, на другата страна на скалата, забележана е склоност кон негатива, гнев, кршење на правилата, како и полош квалитет на сонот.
Со истражувањето се напоменува дека одговорите на прашањата за тоа дали сме среќни или пак водиме несреќен и мизерен живот, можеме да ги најдеме во мозокот. Истражувањето заеднички го спровеле Универзитетите Оксфорд, Вашингтон и Минесота, пишува Дејли Меил.
Истражувањето кое се занимава со анализа на магнетна резонанца и скенови на мозокот спроведено е на 1200 лица, а според резултатите на 461 пример изработена е универзална мапа за функционирање на мозокот.
„Тоа е мапа која укажува на поврзаност на мозочните функции кај просечната популација. Ги истражувавме начините на кои некои региони, т.е. центри во мозокот комуницираат едни со други‟, објасни проф. Стивен Смит.
Резултатите покажале дека луѓето кои се наоѓаат на една страна на мапата, на таа позитивната, главно се позитивни луѓе, со богат вокабулар, памтење, животно задоволство но и поголеми годишни приходи и степен на образование. Тие на другата страна, на т.н. негативна страна, се песимисти кои се склони на гнев, а ги карактеризира и лош квалитет на сонот.
„Се надеваме дека ваквите истражувања ќе ни помогнат во иднина да развиеме механизми за пренасочување на конекциите во мозокот за да се создадат позитивни вредности‟, рече професорот Смит.
Ново на Сител
-
Протести во Ореовец
-
Почнаа дебатите за реформи на Судскиот совет, конечно решение се очекува до крајот на декември
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија