Понудите за надзор за изградба на Коридорите 8 и 10 се отвораат денеска
Во Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПД) денеска се отвораат понудите за избор на надзор на изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10 од страна на конзорциумот Бехтел и Енка.
-Денеска ќе се изврши отварање на пристигнатите понуди, по што ќе следи постапката за еволуација на сите овие понуди, за да службите во јавното претпријатие по разгледувањето на документацијата ќе ја разгледаат комплетноста на понудите, а потоа секако ќе биде информирана јавноста, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, при денешната посета на Свети Николе.
Ова е втор обид за избор на надзор за автопатските делници од коридорите 8 и 10, првиот беше неуспешен, бидејќи фирмата која се пријави на тендерот не доставила банкарска гаранција.
Градежните машини и работници на конзорциумот „Бехтел и Енка“ ќе работат на четирите делници на Коридорите 8 и 10, а се очекува да стартуваат наредната година. Министерот Бочварски претходно изјави дека прва и најлесна делница од аспект на експропријација на земјиштетот е Гостивар-Кичево, а се очекува најдолго да трае постапката за делницата Требеништа-Струга-Ќафасан, за неа државата ќе мора да добие и мислење од УНЕСКО, бидејќи трасата поминува покрај Охридското езеро.
Ново на Сител
-
Македонското МНР: Нашите мисли се со народот на Црна Гора
-
Од утре дожд и снег
-
Се разгледува можноста за доградба на жичарницата на Водно
-
Одложени два лета од скопскиот аеродром
-
Момче од Македонија почина во Шпанија, семејството моли за помош за транспорт на телото
-
Утре вонредна седница на Советот за национална безбедност на Црна Гора
-
Вучиќ: Не им замерувам на студентите во блокадите, тие беа мали кога злото беше на власт
-
Мицкоски: Нема зголемување на старосната граница за пензија и на давачките, фокусирани сме на политики за намалување на сивата економија