Балкан
17. September 2015 - 14:38

Понта обвинет за фалсификување и перење пари

Романскиот премиер Виктор Понта е обвинет од Националното обвинителство за борба против корупцијата за фалсификување и перење пари во времето додека бил адвокат, јави Аџерпрес.

Обвинителите доставиле обвиненија до уште четири лица за истиот случај, кој е испратен до Врховниот касациски суд. 

Во јули обвинителите покренаа обвиненија против Понта, вклучувајќи затајување даноци, перење пари, конфликт на интереси и поднесување лажни сметки, додека работел како адвокат во 2007 и 2008. За тоа време Понта беше пратеник. Тој негира дека вршел злоупотреби.

Понта е првиот актуелен романски премиер, против кого е покренато обвинение, а врз неговиот имот е наложена конфискација.

Романскиот премиер е обвинет за т.н. случај „Турчени-Ровинари“. Тоа се енергетски комплекси во Романија. 

Обвинет за делото е и уште неговиот близок соработник и сопартиец Дан Шова, кој е обвинет дека незаконски уплатил 870.000 долари како адвокат во приватизацијата на енергетските комплекси и уништил компјутерски фајлови за да ги прикрие трагите.