Пониски продажните цени на индустриските производи

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во август годинава се пониски за 1 отсто на месечно ниво, а за 4,2 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.
Во август 2015, во споредба со јули 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот Рударство и вадење камен за 1,6 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 1,1 отсто, a во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 1,3 отсто.
Во август 2015, во споредба со август 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1,9 отсто и во секторот Преработувачка индустрија за 4,7 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се непроменети.
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
