Пониски продажни цени во градежништвото, очекуваат раководителите на фирмите

Раководителите на фирмите од градежништвото очекуваат во наредниот период да се намалат продажните цени и да се зголеми бројот на вработени. Имаат поповолни очекувања за вкупните порачки (договори) за градежни работи, покажуваат денеска објавените податоци на Државниот завод за статистика.
Според оценката на раководителите, индикаторот на доверба во третиот квартал во однос на вториот квартал годинава е зголемен за 0,2 проценти, а за 2,2 проценти споредено со третиот квартал лани.
Оценката за економската состојба во третото тримесечје од годинава е поповолна во однос на второто тримесечје, а поповолна и споредено со третото тримесечје од минатата година. Оценката за сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти е понеповолна, а оценката за финансиската состојба е поповолна во споредба со претходното тримесечје.
Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат: зголемени трошоци за материјали со 21 процент, зголемени финансиски трошоци (камати) со 18,6 проценти, конкуренција во сопствениот сектор со 14,7 проценти и нема побарувачка со 11,1 проценти, покажуваат податоците на ДЗС.
Ново на Сител
-

Кризата со керозинот ќе ги зголеми цените на авиобилетите
-

За изградба на железница кон Албанија, Николоски очекува посветеност и од Тирана
-

Конференција: Скопје европска престолнина на културата во 2028 година
-

Новаци ќе добие регионален центар за отпад
-

Преглед на вестите од светот
-

Укинувањето на техничката влада на пленарна седница, СДСМ се закани со напуштање на работни групи
-

Повторно се одложи судењето за прегазениот Јорго Ќука, обвинетиот сменил адвокат
-

Николовски: Изградбата на железничкиот и патниот дел од Коридорот 8 ќе чини 5 милијарди евра
