Поништено помилувањето за Алберто Фухимори
Врховниот суд на Перу денеска го поништи помилувањето на поранешниот претседател Алберто Фухимори и нареди веднаш тој да биде вратен во затвор, со образложение дека помилувањето било незаконско.
Поранешниот претседател на Перу, Педро Пабло Кучински на 24 декември минатата година одобри 80-годишниот Фухимори да биде ослободен од затвор, откако лекарите утврдија дека има „прогресивна, дегенеративна и неизлечива болест“ и оти ми е загрозен животот во затворот.
Кучински го помилува Фухимори за злосторства против човештвото, само три дена откако не му беше изгласана недоверба благодарение на приврзаниците на Фухимори во Конгресот.
Судиите наредија Фухимоти да биде уапсен за да може да ги одлежи преостанатите 25 години затвор поради неговата улога во убиството на 25 лица за време на неговото 10-годишно владеење, што заврши во 2000 година.
Ново на Сител
-
Привршува судењето за убиствата на Вања и Панче, завршни зборови на 2 јуни
-
Шефицата на Европската дипломатија Каја Калас во петок во Скопје
-
Македонија домаќин на 2200 војници од НАТО вежбата „Брз одговор 2025“
-
Форум: Мали држави - Големо влијание
-
Арсовска „фати“ дивоградба во Чаир
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не крие информации за златната виза
-
Преглед на вестите од светот
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат