Помпео: Кина се уште прикрива информации за Ковид-19
Американскиот државен секретар Мајк Помпео остро го критикуваше однесувањето на Кина за ширењето на заразата со коронавирусот, велејќи дека нивната владејачка Комунистичка партија се уште крие информации потребни за да спречат понатамошни случаи.
Во интервју за радио станицата „Вашингтон Воч“, Помпео ги повтори претходните обвинувања дека одложувањето на Кина во информирањето за вирусот ги загрозило луѓето ширум светот и рече дека „навистина донело во опасност илјадници животи“.
„Загрижен сум затоа што со ова прикривање, со тие дезинформации, Кинеската комунистичка партија продолжува да му ги ускратува на светот потребните информации за да спречи понатамошни случаи или нешто слично да се случи повторно“, додаде тој.
Помпео, исто така, ги обвини Иран и Русија за кампањите за дезинформации за вирусот.
„Продолжува дезинформациската кампања на Русија и Иран, како и на Кина“, рече тој. „Тие зборуваат дека тоа дошло од американската војска и велат дека можеби е започнато во Италија, за да се одвлече одговорноста“.
Ново на Сител
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци
-
Владата обезбедува прочистувачи на воздух за 49 општини
-
Меморандум за соработка потпишаа директорот на АД ЕСМ и деканот на ФИНКИ
-
Продолжен рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање 400 пожарникари