Помпео: Асад во мај користел хемиско оружје
Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека САД дошле до заклучок дека сирискиот претседател Башар ал Асад користел хлор како хемиско оружје, за време на битката со бунтовниците во Идлиб во мај.
– Режимот на Асад е одговорен за безброј ѕверства, од кои некои се на ниво на воени злосторства и злосторства против човештвото, рече Помпео на прес-конференција во Њујорк, каде присуствува на заседавањето на Генералното собрание на Обединетите нации.
Тој рече дека американскиот претседател Доналд Трамп бил многу енергичен во одбраната на светот од хемиско оружје, но одби да каже каков би можел да биде одговорот на Вашингтон.
Администрацијата на Трамп двапати ја бомбардираше Сирија под сомнение дека Асад користел употреба на хемиско оружје, и тоа во април 2017 и април 2018 година.
Ново на Сител
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест