Помош од Хрватско – македонска тангента за бегалците во Хрватска

Невладината организација Хрватско - македонска тангента, која е ангажирана за развој на односите меѓу Македонија и Хрватска, подготви хуманитарна помош за бегалците кои влегуваат во Хрватска преку Србија. Хрватска изминативе денови стана нова транзитна земја на балканскиот пат на бегалците, откако Унгарија воведе нови, построги правила за влез на нејзина територија. Илјадници бегалци од Блискиот Исток, кои претходно поминале низ Турција, Грција, Македонија и Србија, сега секојдневно влегуваат во Хрватска на заобиколен пат кон Унгарија или на пат кон Словенија, преку кои се обидуваат да дојдат до Германија.
Хрватско - македонска тангента информираше дека, со цел да им помогне на многубројните мигранти и на хрватските институции, обезбедила контингент помош за неколкуте прифатни центри за бегалци во Хрватска. Во пакетот помош има детска храна, хигиенски потреби и ќебиња.
- Нашата невладина организација покажа разбирање и капацитет и подари значителни средства за најзагрозените хрватски граѓани во текот на неодамнешните поплави во Славонија, што беше поздравено од хрватската јавност, а сега донира помош и за бегалците, вели новинарот Сашо Георгиевски, претседател на Хрватско - македонска тангента.
Оваа организација е формирана со цел да помогне за доближување на Македонија и Хрватска во културата, економската соработка, образованието и медиумите. Нејзини почесни членови се поранешниот претседател на Хрватска Иво Јосиповиќ, како и амбасадорите Данчо Марковски и Златко Крамариќ.
Ново на Сител
-

Мерц најави крај на рецесијата: Германската економија влегува во фаза на засилен раст
-

Двајца од осомничените за планираното палење фабрика за дронови во Словачка се Летонци, а третиот е Украинец
-

„Денови на Света Мајка Тереза“ по повод 10 години од нејзината канонизација
-

Во село Гари отворена спомен соба на копаничарот Петре Филиповски - Гарка | ФОТО
-

Не мислам дека врховниот лидер на Иран е мртов, туку дека е тешко ранет, вели Трамп
-

Над 90 илјади невработени, повеќе од 100 илјади работат на црно - Нoви податоци на ДЗC
-

Над 20 пожари на отворено, Китка сè уште гори – Ангелов оптимист за ставање под контрола
-

Прв случај на западнонилска треска оваа година е регистриран во Бугарија
