Македонија
2. August 2017 - 14:09

Помош од Бугарија за справување со пожарите

Хеликоптер МИ17 со екипаж од 12 лица, испрати Република Бугарија во Македонија како помош за справување со пожарите.

Помошта ја побара Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), а бугарскиот тим беше пречекан од премиерот Зоран Заев и од претставници на ДЗС и на Армијата на Република Македонија. 

По пречекот е извршена координација и хеликоптерот е упатен на соодветна локација, за гаснење на пожарот во општина Македонски Брод.

Како што соопшти ДЗС, Македонија деновиве ја зафатија пожари од големи размери, но и покрај  ангажираноста на тимови за заштита и спасување и воздухоплови, побарана е дополнителна помош од Бугарија.