Поминаа шест месеци од злосторството што го шокираше Балканот: Силуваше и уби тригодишно девојче
Балканот беше во шок кога ја дозна ужасната вест дека на 9 јули Владица Рајковиќ (28) од сло Вратарница во близина на Зајечар, ја силувал, а потоа со тупаници и со камења ја убил тригодишната Анѓелина Стефановиќ. Монтрумот неодамна е вратен во затвор по набљудувањето во специјалната психијатриска болница во Белград.
Според зборовите на Душанка Стефановиќ, баба на убиеното девојче, Владица е вратен во Зајечар, а таа бара најстрога казна за крвникот.
-Нека го кастрираат. Не му е ништо штом е вратен од психијатриско надгледување. Ништо не му фали, огорчено зборува Душанка, која го подготвува шестмесечниот помен за малечката Анѓелина.
Како што вели, мајката Даниела се уште не се опоравила од шокот, и нема да му се врати на сопругот во Зајечар, со кој има две малолетни деца.
-Одиме на гробот на Анѓелина, а ништо не знаеме кога ќе му се суди на нејзиниот убиец. Од никого не добивме помош, ниту некој не посетува, раскажува Душанка која живее со ќерка и сопругот.
Душанка напомена дека неодамна починал дедото на Владица кој го одгледал и кој бил неподвижен, но тие не биле повеќе во контакт со неговата баба, а само разговараат со неговиот брат.
-Него треба да го убијат. Таквите не треба да живеат, велат мештаните кои сметаат дека на Владица не му треба судење.
Да потестиме, Рајковиќ призна дека на 9 јули ја однел Анѓелина од роденденот во куќата на братот, а потоа ја силувал и ја убил со удари со камен по главата.
Откако се пресоблекол и ја исчистил крвта од себе, се вратил на прославата како ништо да не се случило. Во текот на истрагата се утврдило дека на душа овој монтрум има уште една жртва, својата поранешна љубовница Драгана Станковиќ (47) на која и должел 3.000 евра и затоа таа платила со животот.
Ново на Сител
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска
-
Деветмесечно бебе донесено во неконтактибилна состојба, починало во болница во Охрид