Балкан
2. September 2016 - 10:32

Поминаа 5 месеци: Кој ја уби пејачката Јелена Марјановиќ?

На мајката на убиената пејачка Јелена Крсмановиќ Марјановиќ (33) која под мистериозни околности е убиена пред точно 5 месеци, здравствената состојба и се влошува и сега е на инфузија, дознава Ало.рс.

Јелена е убиена на 2. април, а нејзиното безживотно тело е пронајдено ден подоцна во каналот во Црвенка. Убиецот се уште не е откриен. Иако полицијата по пронаоѓањето на нејзиното тело сослушала две лица, а изјави дали и нејзините домашни, одговор на прашањето кој и зошто ја убил Јелена Крсмановиќ и натаму нема.

-Постои тим полицајци кој работи на овој случај и трага по еден дел од слагалицата кој недостасува. Исто така се уште се очекуваат резултати од некои вештачења, кои можат да го сменат правецот на истрагата - вели соговорник.