Поместен датумот на премиерата на новата сезона на „Твин Пикс“

Обожавателите на култната серија „Твин Пикс“ еднаш беа сериозно вознемирени, кога беше објавено дека Дејвид Линч можеби се повлекува од проектот за снимањето на серијалот.
Тогаш се тврдеше дека Линч наводно решил да се повлече, затоа што не му биле понудени доволно пари за обработка на сценариото, онака како тој тоа го замислувал. Но, набрзо потоа славниот режисер преку Твитер порача дека сепак тој ќе ја режира целата нова сезона која би треала да биде и подолга од најавените девет епизоди, па се споменуваат дури 18.
Но, многумина од обожавателите сега повторно ќе бидат разочарани, бидејќи премиерата на прва епизода од новата сезона на хит-серија, најверојатно нема да се случи во 2016 година, како што претходно се најавуваше. Имено, коавторот на сценариото и еден од продуцентите, Марк Фрост, најави дека новата епизода нема да биде емитувана пред 2017 година.
- Ова е голем предизвик за сите нас. Не само што сакаме да се вратиме таму каде сме застанале, туку сакаме да ги подигнеме сите на повисоко ниво и да снимиме уште подобра серија. Сценариото е завршено, а снимањето на третата сезона од серијата почнува во септември, така што новата епизода можеме да ја очекуваме во 2017 година, додаде Фрост.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжуваат тензиите на Блискиот Исток: Каква е безбедносната закана за Македонија?
-

Започна судењето на 75 годишниот Денис Асанов, обвинет за свирепо убиство во Штип
-

Поттикнат од бугарски државјанин, скопјанец ширел омраза на ФБ кон македонската држава
-

Тема на денот со Горан Марковиќ, извршен директор на Македонски Телеком
-

Во Министерството за политички систем се земало плата, а не се одело на работа
-

Политички препукувања за трагедијата во Карпош, други двајца повикани во станица дека ги нападнале сопругите
-

Меџити: Вреди ќе стане партија за 2 недели
