Помалку патници во градскиот и меѓународниот превоз, повеќе во приградскиот и меѓуградскиот
Помалку патници се превезле во патниот патнички превоз во третото тримесечје годинава, во однос на тој период лани. Според објавените податоци на Државниот завод за статистика намалувањето на вкупниот број на превезени патници е 0,1 отсто, но одделно најголемо од 13,4 отсто има кај меѓународниот превоз, во градскиот превоз е намален за 6,2 отсто, додека зголемување има во приградскиот превоз за 8,5 отсто и во меѓуградскиот превоз за 6,4 отсто.
Во однос на второто тримесечје од 2018 година, вкупниот број превезени патници е намален за 18,4 отсто. Според видот на превоз, бројот на превезени патници во меѓународниот превоз е зголемен за 26,3 отсто, додека во градскиот превоз е намален за 19 отсто, во приградскиот превоз за 22,5 отсто, а во меѓуградскиот превоз за 2,2 отсто.
Во третото тримесечје од 2018 година, во однос на истиот период од 2017 година, вкупниот број на патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 0,5 отсто. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 5,6 отсто, во меѓународниот превоз за 12,8 отсто, додека во приградскиот превоз е зголемен за 12,3 отсто, а во меѓуградскиот превоз за 12,1 отсто.
Во однос на второто тримесечје од 2018 година, вкупниот број патнички километри е намален за 2,2 отсто. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 31,6 отсто, во приградскиот превоз за 4,8 отсто, во меѓуградскиот превоз за 3,3 отсто, додека во меѓународниот превоз е зголемен за 28,1 отсто.
Ново на Сител
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Пожарот во Трубарево е изгасен, на Дрисла се уште чади
-
МВР ќе ги засилува капацитетите и контролата на депониите и критичните точки на палење