Помалите коалициски партнери на средбите со Заев и Ковачевски со свои барања
Водење на преговорите со Бугарија врз основа на државна платформа и веќе донесената Резолуција во парламентот и реформа на изборното законодавство со воведување на една изборна единица за парламентанри избори. Ова се двете клучни прашања со кои ќе настапат помалите коалициски партнери на власта на средбите со премиерот во заминување Зоран Заев и новиот лидер на СДСМ Димитар Ковачевски како дел од разговорите за новиот владин кабинет, дознава Сител.
Поединечните средби со помалите партнери, како што велат од СДСМ, се од консултативен карактер и само за запознавање на Ковачевски со односите во владината коалиција. Состаноците се планираат да се одржуваат неклку дена и на нив нема да бидат носени одлуки, коментираат социјалдемократите.
Сепак, како што за Сител откриваат претставници од ДОМ, Демократски сојуз и ЛДП тие ќе ги искористат средбите со Заев и Ковачевски да отворат теми кои сметаат дека треба да бидат дел од идната владина програма, како што тоа го издејствува Алтернатива во преговорите Заев-Гаши. Ќе се зборува и за кадровски решенија во Владата, кој исто така се очекува да ја предводи Ковачевски.
Заедничко за речиси сите помали партии се прашањата за Изборниот законик и преговорите со Бугарија. Но тие ќе имаат и свои специфични барања. ДОМ се очекува да отвори прашања околу зелената агенда. Лидерот Милевски веќе откри дека ќе побара ревизија на делот од програмските цели договорени со Алтернатива кои се однесуваат на регионалниот развој, особено липковскиот крај.
Од Демократски сојуз пак, пред Заев и Ковачевски, ќе настапат со цела платформа со 8 точки. Освен една изборна единица и водење на преговорите со Бугарија врз основа на собраниската Резолуција, од партијата на Павле Трајанов бараат и реформи во правосудниот систем преку ревизија на работата на сите судии и обвинители, како и закон за повторување на постапката за монтираните судски процеси, но и формирање на Агенција за броба против тешки облици на криминал, како дел од борбата против корупцијата.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Економистот со амбиција да биде лидер на СДСМ | Јован Деспотовски | Неформално | Sitel Podcast 049
-
Викдендов сончево и топло, од вторник повторна дестабилизација на времето
-
Прилепчанец три години ги силувал своите две малолетни ќерки
-
Штипјанец ја претепал својата мајка, па и се заканил, а потоа искршил дел од покуќнината
-
Скопјанец претепан од обезбедувањето на казиното во кое се наоѓал
-
Избувна пожар во куќа во Арачиново
-
Поскапува мазутот
-
Визер: Одложувањата и откажувањата на летовите низ европската авио индустрија последица на временските услови