Фудбал
13. December 2015 - 14:33

Полуфинале за Хирошима и Гуангжу

Екипите на Хирошима и на Гуангжу се пласираа во полуфиналето на Светското клупско првенство откако денеска ги победија екипите на Мазембе односно Клуб Америка. Хирошима во четвртфиналето беше сигурна во дуелот со Мазембе и триумфираше со 3:0, а головите ги постигнаа: Цукаса Шиотани (44.минута), Казухики Чиба (56) и Такума Асано (78).
 
Повеќе неизвесност имаше во четвртфиналето меѓу Клуб Америка и Гуангжу. Првакот на Азија Гуангжу победи со 2:1, иако мексиканскиот шампион Клуб Америка поведе преку Орибе Пералта во 55.минута. Во 80.минута Лонг Женг изедначи, а победата за Гуангжу ја донесе Паулињо во 90+3 минута.
 
Во полуфиналето на 16.декември (среда) ќе играат: Хирошима и Ривер Плата, додека следниот ден (четврток) е дуелот меѓу Барселона и Гуангжу. Во натпреварот за 5.место на 16.декември играат и Клуб Америка – Мазембе.