-->
-->
Полуфинале и за Возниацки во Сингапур
-->
По одигрувањето на мечевите од 4.ден на „ВТА финалето“ во Сингаупр пласман во полуфиналето избори Каролине Возниацки од Данска. Таа денеска ја постигна втората победа во „црвената група“.
Во првиот меч Возниацки беше убедлива против најдобарата светска тенисерка Симоне Халеп и на противничката и дозволи да освои само два гема. Возниацки мечот го доби со 2-0 во сетови (6:0 и 6:2 во гемови) за 63 минути игра.
Во вториот меч Французинката Каролине Гарсија по два часа и 44 минути ја победи Елина Свитолина од Украина со 2-1 во сетови. Првиот сет го доби Свитолина со 7:6 во тај брекот 9:7, а следните два и припаднаа на Гарсија со 6:3 и 7:5. Во решавачкиот сет Гарсија губеше со 5:3, но направи серија од 4:0 за да го добие мечот и да ги зачува шансите за пласман во полуфиналето. Во третото коло во петок ќе играат Возниацки - Гарсија и Халеп - Свитолина.
Денеска се играат мечевите од 3.коло од „белата група“. Првото место во оваа група го има обезбедено Каролина Плишкова, која ќе игра против Јелена Остапенко, додека во мечот за второто место ќе играат Гарбине Мугуруза против Венус Вилијамс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Врховниот суд ги разгледа извештаите за работата на пониските судови
-
Исчезна 14 годишно девојче од Скопје
-
Ќе продолжи изградбата и реконструкцијата на повеќе театри, предвидени 123 775 000 денари
-
Ќе се набавуваат 120 еколошки автобуси, најголем дел за Скопје
-
Влада: Усвоена информација за изградба на нови објекти и за реконструкција на постојните објекти во културата и набавка на 120 еколошки автобуси
-
ЕСМ: Од денеска до 5 април минимални редукции на испораката на топлинска енергија во Скопје
-
Два нови случаи на Ковид-19 во државава
-
Поднесена иницијатива за смена на Перо Антиќ