Полско МО: Урнатиот воен дрон и припаѓаше на американската војска

Военото извидувачко беспилотно летало што во вторникот, доцна вечерта, се урна во југозападна Полска, го користеле американски војници за тренажен лет, соопшти денеска полското Министерство за одбрана.
Приватното радио RMF претходно јави дека дронот бил пронајден во шума во близина на селото Трзебиен, во јужна Полска, откако случаен минувач повикал брза помош и рекол дека го видел предметот како паѓа во областа.
„Добиените информации укажуваат дека за време на тренажен лет на американски војници, бил изгубен контакт со дронот, кој потоа паднал во шумска област“, напиша Министерството за одбрана во електронска пошта како одговор на прашања на Ројтерс.
„Никој не е повреден, ниту пак има штета како резултат на уривањето… Дронот го презеде американската страна, која го поседува“, додава полското МО.
Додека беснее војната во соседна Украина, Послка како членка на НАТО е во состојба на зголемена готовност поради нарушувањето на воздушниот простор по инцидентите во ноември и декември кога проектили паднаа на нејзина територија, а во Белорусија почна воени вежби со групата „Вагнер“ во близина на заедничката граница.
Ново на Сител
-

Зеленски го условува прекинот на нападите врз руски рафинерии со испорака на американски ракети
-

ДИК за изборите за градоначалник во Брвеница: Јахиј освои 4442, а Радичевски 4177 гласови
-

Седници на собраниските комисии за финансирање и за одбрана
-

Облачно со повремен дожд
-

Аркин Јахији е новиот градоначалник на Брвеница
-

ДИК: Одѕивот на изборите за градоначалник во Брвеница до 18:30 часот е 52,90 отсто
-

МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава
-

Излезноста во Брвеница до 13 часот 27,81%, повисока за 7,31 процентни поени од првиот круг
