Полскиот претседател следната недела во посета на Албанија
На покана на албанскиот претседател Бајрам Бегај, на 10. и 11 мај во официјална посета на Албанија ќе престојува претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда.
Според соопштението од претседателскиот кабинет, ова е прва официјална посета на полски претседател на Албанија по 20 години.
– Претседателот Дуда во Тирана ќе допатува на 10 мај, а со сите државни почести Бегај ќе го дочека следниот ден. Двајцата претседатели ќе одржат посебна средба, а потоа ќе ги предводат делегациите на двете земји на проширен состанок, по што ќе одржат заедничка прес-конференција, наведуваат од кабинетот на Бегај, јави државната агенција АТА.
Попладне истиот ден тие ќе присуствуваат и ќе се обратат на заедничкиот економски форум што ќе се одржи со учество на стопанственици од двете земји.
Претседателот Дуда ќе биде придружуван од делегација на полски претприемачи, организирана од Полската агенција за инвестиции и трговија.
За време на престојот во Албанија, Дуда ќе престојува во кратка посета на градот Круја.
Ново на Сител
-
МВР има нови осомничени за хибридни закани врз државата
-
Мицкоски по условната пресуда за Онкологија: Судиите и обвинителите не ги заслужуваат ниту овие плати
-
СДСМ бара оставка од министерката Јаневска, голем број ученици се уште немаат учебници
-
Експерти: Системската корупција останува проблем кој сериозно влијае на безбедноста на државата
-
Тутунарите се надеваат на добри откупни цени на тутунот
-
Повеќе од 5.000 апликации за земјоделски субвенции во Струмица
-
За три месеци 94 сообраќајни незгоди
-
Преглед на вестите од светот