Полскиот надбискуп Полак пријави во Ватикан бискуп кој криел злоставување деца
Архиепископот на полската Католичка црква, надбискупот Војчих Полак, вчера во Ватикан пријавил случај со полски владика, обвинет дека заштитувал свештеници за кои се знае дека сексуално злоставувале деца.
-Барам свештениците, монахињите, родителите и наставниците да не се водат според погрешната логика на заштита на Црквата, што всушност крие сексуални насилници, изјави Полак во изјавата.
„ Меѓу свештенството нема место за сексуална злоупотреба врз малолетни лица. Ние не дозволуваме прикривање на вакви злосторства“, истакна тој.
Сега се очекува Ватикан да назначи лице кое ќе го испита случајот.
Случајот излезе на виделина по филмот на браќата Томаш и Марек Секиески, прикажан во саботата, на кој се гледа како владиката Едвард Јаниак во градотот Калиц, не прави ништо против свештениците познати по злоупотреби на деца.
Документарниот филм „Игра на скриените“ ја раскажува приказната за двајца браќа, жртви на сексуална злоупотреба од страна на свештеник, кој ја имал премолчената, но очигледна, заштита на Едвард Јаниак, денеска на позицијата титуларен епископ на Калиц.
-Филмот, што штотуку го гледав, покажува дека не се почитувале постојните норми за заштита на децата и младите во Црквата, одговори архиепископот Полак во видео пораката, барајќи од Светиот престол, преку нунцијатурата, да отвори истрага за недостаток на реакција.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против тројца полицајци за неизвршување на судска одлука
-
Кривична пријава за жител на село Могорче за тешка кражба и оштетување туѓи предмети
-
„Балансерот“ утре на седница на Уставниот суд
-
Мој Народе - Ново од групата Меморија
-
МВР: Претрес во Куманово, приведен дилер, пронајдена дрога
-
ЦУК: Вкупно 1.704 повици на 112, четири пожари на отворено и апел за редовно чистење на локалните одводни канали
-
Состанок на Постојаната експертска група за болеста африканска чума кај свињите
-
Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, како последица на вирусот починале четири лица