Полски доктор заразен од коронавирусот се самоубил поради навреди на социјалните мрежи
Познатиот полски доктор Војчех Рокита синоќа починал во болницата во Кјелце во која бил директор, пишуваат утринава полските медиуми. Рокита го водел гинеколошкиот оддел, а иако бил заразен со коронавирус по враќањето од странство, тоа, сепак, не била причината за неговата смрт.
Имено, Максимилијан Матерна, пријател на семејството на докторот, објави видео на социјалните мрежи во кое објаснува дека докторот Рокита се самоубил заради бројните пораки со омраза што ги примил во последните денови.
Рокита, заедно со остатокот од неговата болница, ја уверувал јавноста дека немал контакт со ниту еден пациент и остатокот од персоналот, но бројни корисници на социјалните мрежи не му верувале, па затоа и го навредувале и на социјалните мрежи и пред болницата .
Семејниот пријател Матерна го ангажирал адвокатот Суавомир Гјерада за да испрати барање до државното обвинителство во Кјелце за да се истражи што сѐ докторот правел во последните денови.
- Нашето мислење е дека бранот омраза е единствената причина зошто докторот го стори самоубиството, напомена адвокатот на Матерна и додаде дека ќе се обиде сето ова да го докаже.
Ново на Сител
-
Опожарено „БМВ“ во движење во близина на граничниот премин Табановце
-
УКИМ одбележува 76 години од основањето
-
Околу 90 камиони со помош влегле во Газа
-
Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
-
Продолжува надзорната расправа за аерозагадувањето
-
Без струја корисници во Аеродром и Студеничани
-
Двајца вработени во израелската амбасада застрелани во центарот на Вашингтон
-
Каја Калас во Белград, Вучиќ: Србија останува доверлив партнер на сите кои се стремат кон соработка