Спорт плус
7. January 2016 - 17:47

Полска се избори за 1/2 финале на олимпискиот квалификациски турнир во Берлин

Репрезентацијата на Полска и се приклучи на Германија во 1/2 финалето на европскиот квалификациски турнир преку кој се обезбедува пласман на Олимпијадата во Рио.
 
Полјаците попладнево ја победија Белгија со максимални 3-0 и со 6 бодови колку што има и Германија го осигураа едно од двете места кои водат во полуфиналето. Утрешниот дуел меѓу овие две селекции ќе реши која од нив ќе биде прво рангирана во А групата. На табела, Германија и Полска имаат по 6 бодови, а Белгија и Србија се без освоен бод.
 
Во групата Б ситуацијата е покомплицирана. Во неа Франција, Бугарија и Русија имаат по 3 бодови, а Финска е без освоен бод. Вечерва во оваа група играат Бугарија - Русија и 
Франција – Финска.
 
Полуфиналните натпревари во Берлин ќе се играат во сабота, а финалето и дуелот за 3.место е во недела.
 
Директен пласман на Олимпијадата ќе обезбеди само победникот, додека второ и трето пласираните репрезентации ќе се изборат за нова можност, односно нов квалификациски турнир на кој ќе играат и селекции од другите континенти.