Полска нема да прими бегалци од Италија

Откажано е преселувањето во Полска на бегалците кои во моментов се наоѓаат во Италија, денеска соопшти Министерството за надворешни работи во Варшава, пренесоа полските медиуми, цитирани од ТАСС.
„Причината е што не успеавме да обезбедиме доволно безбедносни гаранции, што се приоритет за полската Влада“, посочи Министерството и објасни дека „немаше можност за соодветна проверка на кандидатите“ и потврдување на нивниот идентитет.
Слични проблеми „за неможност од ефикасна проверка“ се појавија и при контактите со Грција, од каде Полска, исто така, се подготвуваше да прифати бегалци, забележа министерството.
Во рамки на европската програма за пререгистрација на нелегалните мигранти, кои пристигнаа во ЕУ, Полска минатото лето презеде обврска во следните две години да прифати 7.000 бегалци.
Полските власти засега најавуваат дека се подготвени годинава да сместат само 400 лица. Првите 100 од нив, 65 од Грција и 35 од Италија, на полска територија требаше да пристигнат уште во март, но по бриселските атентати премиерот на Полска, Беата Шидло, изјави дека нејзината земја се уште не е подготвена да прими бегалци, напомена ТАСС.
Ново на Сител
-

Тошковски: Кокаин вреден милион евра запленет во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Загадувањето доаѓа од домаќинствата
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
