Половина век од првата интернет конекција
Над 80 проценти од граѓаните во земјава користат интернет, пред се за пристап до социјални мрежи. Претежно младите оваа мрежа ја користат и за други цели-легална и добра заработувачка, велат експертите. Според нив, професиите од иднината припаѓаат на онлајн заедницата. Сепак, овој вид на комуникација има и своја темна страна.
Дека се зависни од интернет, признаваат и самите граѓани. Онлајн комуникацијата повеќе не е пречка ниту за возрасните.
Дека се повеќе граѓани користат интернет покажува и извештајот на Агенцијата за Електронски комуникации. Околу 430 000 корисници користат фиксен интернет, односно бројот на претплтници се зголемил за 0, 44 проценти повеќе, споредбено со лани. Над милион и триста граѓани, пак сурфаат преку мобилен телефон.
На денешен ден, 1969 година, била воспоставена првата интернет конекциија и испратена првата порака.
-
Елена Милошовска
Сите содржини од овој новинар