Половина Оклахома прогласена за резерват на Домородните Американци
Врховниот суд на САД донесе пресуда дека околу половина од американската сојузна држава Оклахома им припаѓа на Домородните Американци. Случајот вклучуваше, поточно – засегна и претходна пресуда за силување на дете.
Според одлуката на Судот, поголем дел од источната половина на Оклахома, заедно со вториот најголем град Тулса, треба да биде признат како резерват.
Џимси Мекгирт, осуден за силување во 1997 година, го покрена случајот. Тој за да докаже оти делото се случило на територијата на Домородните Американци, цитираше историски документ што укажува која територија ѝ припаѓа на нацијата Мускоџи.
Тоа значи дека Мекгирт има други, можеби поповолни услови за жалба на претходната пресуда, но и поинакви услови за идните судски процеси.
Оваа одлука на Судот, значи и пониски даноци за Домородните Американци во Оклахома. Во новодефинираниот резерват, тие бројат околу 280.000 лица, т.е. 15 отсто од вкупно 1,8 милиони жители.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден