-->
-->
Половина од Турците сметаат дека луѓето треба да имаат право отворено да ја критикуваат владината политика
-->

Анкара, 19 ноември 2015 (МИА) - Само половината од Турците сметаат дека луѓето треба да имаат право отворено да ја критикуваат владината политика, покажува глобално проучување, според кое граѓаните на Турција во најмал степен го поддржуваат тоа демократско право, во споредба со оние на останатите 37 истражувани земји.
Истражувањето на центарот во САД Пју, објавено оваа седмица, покажува дека големо мнозинство од луѓето во повеќето држави сметаат дека граѓаните би требало да можат да ја критикуваат владата без да им се попречува.
Додека во САД тој процент е 95, во Германија и Израел - 93, а во Русија, која се смета на запад за поавторитарна - 72 отсто, во Турција со таа теза се согласни едвај 52 проценти.
Турците се разединети и во однос на тоа што би можело да им соопштуваат медиумите, при што 40 отсто од нив велат дека Владата треба да има право да го ограничува објавувањето информација за политички протести, што е речиси два пати над просечното ниво за светот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари