Половина од лабуристичката влада во сенка бара оставка од Џереми Корбин
Половина од членовите на лабуристичката влада во сенка, побара од лидерот на Лабуристичката партија, Џереми Корбин да поднесе оставка, поради начинот на кој ја водеше кампањата за референдумот за ЕУ.
Групата министри го обвинува Корбин дека во текот на кампањата за референдумот се однесувал „бледо и незаинтересирано“ како и „крајно неубедливо“.
Корбин претходно изјави дека направил „се што требало за успех на кампањата“ за останување на Британија во ЕУ, што беше официјален став на лабуристите.
Активисти на партијата, како и министри во владата во сенка, меѓутоа, го обвинуваат својот лидер дека е виновен за фијаското на партијата, затоа што многу традционални гласачи на лабуристите, гласале за Брегзит, иако се тврдеше дека гласачите на партијата се определени да гласаат против заминувањето.
Се покажа дека гласачите во североисточниот дел на Англија, каде партијата редовно победува, во голем број гласала за Брегзит, а дека лабуристичките гласачи така се однесувале и во Велс, традиционално лабуристичко упориште.
Во Лондон се смета дека тоа е најголемото изнендување на референдумот од изминатиот четврток.
Вината за тоа му се припишува на Корбин, затоа што се верува дека со многу поенергична кампања на лидерот и на партиските активисти, можеше да се измени исходот од изјаснувањето на Британците.
На две недели пред гласањето, Лабуристичката партија призна дека дури 40 отсто од нејзните гласачи во Англија „не знаат каков е ставот на партијата“ за референдумот.
Корбин одбиваше да води кампања со конзервативците и со премиерот Дејвид Камерон, инсистирајќи дека референдумот е „внатрешна работа“ на ториевците, како и дека тој нема намера „да го спасува Камерон од неговите“ не сметајќи на последиците за државата.
Аналитичарите во Лондон веруваат дека Корбин и неговата крајно левичарски блок сметаа на падот на Камерон, по пораз на реферерендумот и на одржување предвремени парламентарни избори, гледајќи во тоа шанса лабуристите (и Корбин) да ја освојат власта.
Групата која бара сменување на Корбин, смета дека со него паријата нема шанси да победи на таквите избори.
„Бунтот“ кај лабуристите доаѓа по сменувањето на Хилари Бен, министер за надворешни работи во сенка, кој беше сменет откако јавно му ирази недовреба на Џереми Корбин.
Ново на Сител
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Подигнати 42 кубни метри отпад од диви депонии во Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Карпош
-
Почина неврохирургот проф.д-р Владимир Мирчевски
-
Герасимовски: Бесплатна градинка за деца Роми од ранливи семејства
-
Со камион удрил во заштитната ограда, скопјанец загина на автопатот Демир Капија - Гевгелија
-
Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема
-
Околу 350 деца Роми ќе бидат згрижени бесплатно во јавните градинки во 21 општина
-
Приведен вработен во ЈП Национални шуми - Добивал по 200 евра месечно за дозволи за сеча на дрва