Половина милион одбиени баратели на азил живеат во Германија
Над 500 илјади мигранти чиишто барања за азил се одбиени од германските власти се уште живеат во Германија.
Три четвртини од одбиените во земјата живеат повеќе од шест години, се вели во извештајот на Федералната влада во Берлин, подготвен на барање на парламентарната група на партијата „Левица“.
Најголем де од нив се од Турција, (77,600), по што следат Косово (68,549) и Србија со 50,817 одбиени баратели на азил. Косово и Србија според германските институции се сметаат за „безбедни држави“ чии граѓани освен во исклучителни ситуации не можат да добијат азил.
Според извештајот половината од одбиените баратели на азил имаат неограничена дозвола за престој, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Германските медиуми јавуваат дека во Германија има 168.212 луѓе кои имаат статус на „толерирани лица“, од кои 100 илјади се со одбиени апликации за азил. Околу 37 илјади луѓе во земјата остануваат затоа што немаат патни исправи.
Голем дел од одбиените баратели на азил во Германија остануваат врз основа на забрана за депортација доколку се соочуваат со конкретна лична или општа опасност во матичната земја, се болни или во татковината не можат да добијат соодветно лекување.
Ново на Сител
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест